Хонориј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хонориј
Honorius steel engraving.jpg
Цар на Римската империја
Роден 9 септември 384
Починал 15 август 425


Хонориј (9 септември 384 - 15 август 425) бил римски цар а покасно и цар на Западното Римско царство. Познат и како Флавијан Хонориј. Со Римската империја управувал од 393 до 395 година, а со Западното Римско царство од 395 до 423 година. Тој е малиот син на Теодосиј I и брат на Аркадиј, кој управувал со источното царство попознато како Византија. Тој станал конзул само на двегодишна возраст. Во 393 година бил прогласен за соимператор. Неговото царување се карактеризира со пад на Западното Римско царство и нејзините територии. Кога тој умрел, својата империја ја оставил на работ на пропаста си. По смртта на татко му, тој со брат му ја поделил империјата на два дела. Кога станал император, тој имал само десет години. Починал во 423 година без да остави наследник. Негов наследник е Валентијан III.