Ираклиј I
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ираклиј I |
|
| Ираклиј со своите синови. | |
| Роден/а | 575 Кападокија |
|---|---|
| Починал/а | 11 февруари 641 Константинопол |
Ираклиј I (Грчки Φλάβιος Ἡράκλειος) бил цар на Византија од 5 октомври 610 година до 641.
Ираклиј се родил во семејството на кападокиски Ерменци, а негов татко бил екзархот на Африка и прочуен војсководец Ираклиј. Во 608 година татко му покренал буна против узурпаторот Фока. По нејзиниот успех, младиот Ираклиј е прогласен за император. Способен администратор, тој спровел реформи воведуваќки ја организацијата на темите и провинциите, која ќе биде темел на византиската држава во наредните векови. На почетокот на своето управување се обидел да договори мир со персијскиот цар Хозрој II, но тој одбил. Неговите први обиди да ги сопре персијците биле неуспешни. Тие зазеле Дамаск, а потоа и Ерусалим, каде ги оштетиле христијански свети места и цркви и однеле голем број реликви. Потоа освоиле Египет и продреле во Мала Азија. Тие дури стасале на самиот брег на Халкедон, азискиот брег на Босфорот. Ираклиј бил принуден да договори мир со Аварите, задолжувајќи се да им плаќа данок, да се одкаже од повеќето шпански провинции, се согласил Србите и Хрватите да се населат на Западниот Балкан. Во 622 година со блескав поход успеал да ја порази Персија, да ги одвојува заземените провинции и да ги врати христијанските светости. Наскоро потоа Византија била нападната од Арапите. Ираклиј се покажал доволно пасивен, а неговите војски биле поразени во битката кај Јармук. Така Византија ги загубила засекогаш Сирија, Палестина и Египет.
| Византиско царство | ||
| Византиска култура | Историја на Византија | Уредување на Византија |
|---|---|---|
|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|