Тибериј II Константин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тибериј II Константин
Solidus-Tiberius II-Sear 421x422.jpg
Цар на Византија
Роден 520
Тракија
Починал 14 август 582


Тибериј II Константин (лат.Flavius Tiberius Constantinus Augustus) бил цар на Византија од 574 година до 582. Уште за време на Јустин II, Тибериј се прославил како добар војсководец. Кога императорот се разболел, по совет на неговата жена Софија, го избрал Тибериј за совладетел и 4 години потоа, по неговата смрт бил прогласен за император. Тогаш и го додал кон своето име популарното тогаш Константин. На почеток, Софија се обидела да организира заговор, но се било разокриено. Уште кога бил жив Јустин II, во 576 персијскиот цар Хозрој Ануширван преку Ерменија се обидел да пројде во Кападокија, но бил пресретнат од силна римска војска и победен. Во 578 година генералот Маврикиј наново ги победил персијците во Месопотамија и зазел градот Сингара. Тогаш на власт дошол Тибериј, кој се обидел да договори мир со персијците, но нивниот цар умрел, а новиот Хормизд ја продолжил војната. Во 581 година Маврикиј тешко ги поразил персијците и за награда Тибериј го оженил за својата ќерка и го прогласил на наследник на тронот. На запад успеал да договори мир со Западните Готи во Шпанија. Во тоа време почнале масовните наезди на словените на Балканот. Бидејќи империјата била зафатена со војна на исток, не можела да го брани западот. Така и питањето за помош на римскиот патрициј Памфрониј против лангобардите во Италија, останало без одговор. Сакајќи да го намали влијанието на наемниците во војската составил корпус од откупени робови, кој го зел неговото име, а чиј број пораснал до 15 000 и со нив командувал Маврикиј.

Во 582 година се разболел и наскоро потоа умрел, како постојат сомнежи дека бил отровен.