Аркадиј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аркадиј
Arcadius steel engraving.jpg
Цар на Римската империја
Роден 377
Шпанија
Починал 1 мај 408


Аркадиј бил цар на источниот дел од Римската империја, денес познат како Византија. Овој император познат е и како Флавијан Аркадиј. Со Византија управувал од 395 до 408 година. Тој е големиот син на Теодосиј I и брат на Хонориј, кој пак станал император на Западното Римско царство. Додека брат му бил под влијание на Стилихон, Аркадиј бил под влијание на еден од своите министри- Руфин. Некои сметаат дека Стилхон имал амбиции да ги контролира и двата браќа, па затоа тој се посочува како нарачател на убијството на Руфин од страна на готски наемници во 395 година. Во исто време, тој бил под влијание и на неговата сопруга, Елија Евдоксија. На оваа ситуација се спротиставил Јован Златоуст, патриарх на Константинопол. Таа сепак го убедила својот маж тој да биде сменет од таа позиција. Во истата година, 404, таа починела. Во останатиот дел од своето владеење, Аркадиј бил под влијание на Антемиј, кој пак склучил мир со Стилхон на запад. Самиот цар повеќе се издигал како надбожен христијанин, отколку како политички или воен. Починал во 408 година. Негов наследник е Теодосиј II.