Тибериј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тибериј како момче, мермерна биста пронајдена во 1896 година; во Глипотеката Нај Карлсберг

Тибериј (латински: Tiberius; целосно име: Тибериј (Јулие) Цезар Август; вистинското име му е: Тибериј Клудиј Нерон) (роден на 16 ноември 42 г. п.н.е.; умрел на 16 март 37 н.е. во Капри, во близината на Неапол) - Вториот римски император (14-37 г. н.е.). Бил одгледан од Август, кој се оженил за неговата мајка Ливија Друсила. За време на своето прво командување со војската на возраст од 22 години, Тибериј успеал да ги поврати римските легионарни стандарди, кои претходно биле загубени со децении во Партија, а му било возвратено со акламација здобивајќи голема популарност.[1]

Тибериј бил принуден да се откаже од својата сакана жена и да се ожени со Јулија, ќерката на август (12 г. п.н.е.). Иако станал трибун, заминал во самонаметнатиот егзил на Родос (6 г. п.н.е. станувајќи разгневен аскет. До 4 г. п.н.е., Јулија била протерана поради неверството со Август[1], кој повторно го повикал Тибериј именувајќи го за свој наследник.

Како император, Тибериј почнал да ја води државата ефикасно, притоа воведувајќи некои реформи проследени само со повремена ригорозност, како што било протерувањето на римската еврејска популација само врз основа на изговор. Кога неговиот син Друс умрел на мистериозен начин, решил да му ја даде довербата на Сејан и бил убеден да се пресели во Капри (22 г.н.е.). Тибериј станал изразено насилен убивајќи и спроведувајќи тортура од каприц. Откако Сејан станал проконзул во 31 г.н.е., Тибериј станал сомничав во врска со неговите амбиции и наредил негова егзекуција, потоа именувајќи го Калигула за свој наследник. Во 37 г.н.е., Преторијанската гарда ја декларирала својата поддршка за Калигула, убивајќи го Тибериј додека лежел болен в постела.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Бунтевска, 2005. стр. 166

Извори[уреди]

  • Бунтевска Сузана, 2005: Енциклопедија Британика: С-Ф - Скопје:Топер. ISBN:9989-165-14-9