Дециј Трајан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дециј Трајан
Marcus Iulius Philippus
Emperor Traianus Decius (Mary Harrsch).jpg
Цар на Римската империја
Роден 201
Мартинци, денешна Србија
Починал 1 јули 251
Разград, денешна Бугарија


Дециј Трајан бил римски цар. Попознат е и како Гај Месиј Квинт Дециј Трајан . Роден е во 201 година. Со Римската империја управувал од 249 година до 251 година. Бил наследен од страна на Требонијан Гал. Тој бил првиот цар роден во Панонија. Во 250 година го наредил прогонството на христијанското население од својата империја. Во словенската митологија името на богот Тројан се смета дека му било дадено од римскиот цар. Во својата кариера како цар, водил борби против готи|готите, кои претходно го зазеле Дунав, вршејќи пљачки низ Мизија и Тракија. Во битката кај Никопол, за прв пат еден римски император побегнал од варварите, како што се нарекувале тогаш, а подоцна и првиот император кој бил убиен во една битка.