Калигула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калигула
Caligula bust bw blackbg.jpg
Император на Римската империја
Роден 31 август 12
Анцио
Починал 24 јануари 41
Рим, Римска империја, денешна Италија


Калигула (латински:Gaius Iulius Caesar Germanicus, Gaius Caesar или Caligula) е третиот римски император. Познат е и како Гај Јулиј Цезар Германик.

Роден е во 12 година. Со Римската империја управувал од 37 до 41 година. Октавијан Август му е прапрадедо, Тибериј прачичко, а Клаудиј чичко. Познат е по својата екстравагантност, ексцентричност и голем деспотизам. Бил познат и како „лудиот“ поради своите бескомпромисни решенија. Можеби најпознат е по тоа што се обидел својот коњ Инцитатус да го направи конзул и свештеник.

Бил убиен од страна на своето обезбедување. Наследен е од Клаудиј.