Јустин II
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Јустин II |
|
| Цар на Византија | |
| Роден/а | 520 |
|---|---|
| Починал/а | 5 октомври 578 Константинопол |
Јустин II (лат.Flavius Iustinus (Iunior) Augustus) бил цар на Византија од 565 година до 578. Тој бил внук на императорот Јустинијан I, а бил оженет за Софија, внука на царица Теодора. Станал владетел по смртта на својот чичко. Првите години од неговото управување биле успешни. Успеал да ги плати долговите на Јустинијан I, објавил заедна толеранција на религиите. Има намера да направи реформи во државата, но тоа било саботирано од аристокрацијата и управнците на провинции. Исто така не успеал неговиот обид да ги помири православните со монофизитите.
Во 568 година лангобардите ја нападнале Италија и скоро ја зазеле целата земја. Набргу потоа биле изгубени и многу градови во Шпанија и Северна Африка. Јустин не успејал да ја одбрани, бидејќи требало да штити северните граници на империјата од аварите. На почеток одбил да им плаќа данок, но наредните борби со нив биле неуспешни. Во 572 година дошло и да војна со Персија, во која Византија ја загубила Сирија. Јустин договорил мир на висока цена, а тоа плаќане на годишен данок. Бидејќи немал деца, Јустин II избрал за негов наследник на престолот генералот Тибериј II.