Констанс I
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Констанс I | |
| римски император | |
| Роден/а | 320 година |
|---|---|
| Починал/а | 350 година Хелена |
Флавиј Јулиј Констанс (лат.Flavius Iulius Constans),(ok.320- 350 год.) е византиски император, најмалиот син на Константин Велики и Фауста. Во 333 година е прогласен за цезар, а при поделбата на империјата во 337 година е прогласен за управник на Италија, Северна Африка и Илирик. По победата над неговиот брат Константин II управува и со Галија, Британија и Шпанија, т.е. западниот дел на империјата. Во годините 341-2 води успешни борби со Франките, а во првите месеци на 343 е на посета на Британија, кога таа е нападната од Шкотите. Со текот на времето се покажал доволно мрзлив,а администрацијата била корумпирана и трошела неограничено пари. Во однос на религијата бил приврзаник на Никејското православие, ги забранил паганските жртвувања и ги прогонувал останатите христијански секти. Сето тоа го направило непожелен од народот и војската. Така во 350 година војсководецот Магнетиј се побунил, а Констанс побегнал кон Шпанија, но по патот бил фатен и убиен крај гратчето Хелена, денешна Јужна Франција.