Василиск
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Василиск |
|
| Цар на Византија | |
| Починал | 476 Кападокија |
|---|---|
Флавиј Василиск (лат.Flavius Basiliscus) бил цар на Византија. Тој бил брат на императрица Верина, жена на императорот Лав I. Управувал за кратко од 9 јануари 475 година до август 476 година, за време на буна против императорот Зенон, којшто бил избркан од Константинопол. Зенон ја зел со себе целата државна каса, што го натерало Василиск да ги зголеми даноците и да врати праксата за продавање на државни должности. На почетокот на неговото управување се случил голем пожар при кај изгореле многу куќи, цркви и големата библиотека изградена од император Јулијан. Сето тоа го поттикнало народот против него и кога Зенон се вратил и опсадил Константинопол, сенатот и народот сами ги отвориле вратите на градот. Зенон, неговата сопруга и синот Марк биле заточени во мала тврдина во Кападокија, фрлени во празен резервоар и таму умреле од глад.