Ромул Августул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ромул Августул
RomulusAugustus.jpg
Цар на Римската империја
Роден 460
Починал по 511


Ромул Августул бил последниот цар на Западното Римско царство, владеејќи од 31 октомври 475 до 4 септември 476 година. Бил син на Орест, началник од германско потекло. Орест во 475 година, станал противник на Јулиј Непот кој владеел од 474. Бидејќи како варварин не можел да седне на тронот, го препорачал својот син Ромул, додавајќи му го името Август. Така, последниот римски император ги содржел во себе имињата на митолошкиот основач на Рим, и првиот принцепс кој ја создал империјата. Тој во голема мера не ни управувал со империјата, бидејќи за тоа бил надлежен татко му, а и самиот не се интересирал за политика. Познат е како Августул, кое во превод на македонски јазик би означувало малиот Август.

Но, татко му бил убиен од страна на Одоакар кој ја опседнал Равена, место каде се наоѓал Ромул Августул. Одоакар не само што не го убил, туку го испратил малото момче кај свои роднини во Кампанија, каде го продолжил своето образование. Се смета дека починал околу 536 година, пред да се воспостави византиска власт во Рим.