Зенон
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Зенон (околу 460 год.) од Елеја, бил ученик на Парменид. Тој си поставил задача да ги одбрани опонентите на неговиот учител. Всушност, тој настојувал да ја покаже апсурдноста (бесмисленоста) на познанието кое се темели на сетилните податоци и да се докаже, индирекно, дека она што го тврди разумот е над она што ни го покажуваат сетилата. Преку неговите апории (безизлез) докажувал дека поимот движење е апсурден, невозможен. Така, ако стрелата се движи кон целта, таа мора да прејде половина од патот, па половина од половината, па половина од таа половина итн., па бидејќи секогаш ќе има колку и да е мали половини од половините ќе произлегува дека стрелата никогаш нема да стаса на целта (апорија дихотомија, делење на две). Ниту брзиот Ахил, ако и' даде предимство на желка од 10 м, никогаш не ќе ја стаса, зашто кога тој ќе претрча 10 м, желката ќе мине неколку дециметри, кога тие ќе ги мине Ахил, желката ќе се помрдне за некој центиметар итн, до бесконечност Ахил не ќе ја стаса желката (апорија Ахил и желката).
[уреди] Наводи
- Учебник по философија за четврта година по гимназиско образование.