Антонин Пиј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антонин Пиј
Titus Aurelius Fulvius Boionius Arrius Antoninus Pius
Antoninus Pius Glyptothek Munich 337 cropped.jpg
Император на Римската империја
Роден 19 септември 86
Ланувиум, денешна Италија
Починал 7 март 161
Ланувиум, Италија


Антонин Пиј (латински:Titus Aurelius Fulvius Boionius Arrius Antoninus Pius) бил четвртиот римски император од династијата на Антонините. Роден е на 19 септември 86 во Ланувиум, денешна Италија. Попознат е и како Тит Аврелиј Фулвиј Бојониј Ариј Атонин Пиј. Со Римската империја управувал од 10 јули 138 година до 7 март 161 година. Негов наследник е Марко Аурелиј. Тој е првиот император со титулата Пиј. Како сенатор имал многу успешна кариера, како конзул бил во 120 година, каде станал еден од најблиските луѓе до императорот Адријан, кој во 138 година го осиновил. Тогаш, Адријан го задолжил да го посини Марко Аурелиј, кој станал император по неговата смрт.

Во 142 г. Антонин го започнал познатиот Антонинов ѕид во Шкотска за да ја зацрта тогашната северна граница на Римското царство.