Софизам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Софизам (грчки: σοφίστες, што значење „мудрувач“, или оној кој мудрува, т.е. „прави“ мудрост, односно оној кој профитира од мудрост; σοφός, „мудрец“, исто така волшебник) првично бил термин за техниките учени од многу почитуваната група на учители на философија и реторика во античка Грција.

Софистите се јавиле да ја задоволат потребата на образование на демосот. Тие се платени учители, мудреци кои своето знаење од разни науки и вештини ги ставиле на располагање на секој оној што имал пари да им плати. Тие особено ја ценеле и развивале говорничката вештина (реториката) и способноста да ги подучуваат слободните граѓани: тие да можат добро да ја изразуваат својата мисла, убаво да ја накитат и со тоа да влијаат врз умот и срцата на слушателите и да ги придобијат за себе. Софистите се јавувале како реакција на догматската космолошка мисла која, како што укажувале, се покажала мноштвена и со тоа подложна на сомневање.

  • Протагора од Абдера (481-411 п.н.е.) бил најславен софист. Неговата ораторска моќ ги фасцинирала слушателите кои под нејзиното дејство биле како маѓепсани. Имал многу ученици и заработувал големо богатство. Според него, човекот е мера на сите ствари, за постојните дека постојат, а за непостојните дека не постојат. Протагора вистината ја ставил во зависност од човекот. Тој е релативист. Нема апсолутна вистина, таа е онаква каква му се претставувала на оној или овој човек. Протагора сметал дека во нашите определби за или против едно тврдење треба да се управуваме според мислењето на мнозинството луѓе, значи критериум (мерило) на вистината треба да биде општа согласност.
  • Горгија бил исто така, славен оратор и софист кој ги пленел слушателите толку многу што бил масовно имитиран. Тој сметал дека сѐ е небитие (нихилизам) и дека постоењето на битието е апсурд.

Наводи[уреди]

  • Учебник по философија за четврта година по гимназиско образование.