Требонијан Гал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Требонијан Гал
Ritratto di trebonianno gallo III sec. dc. 01.JPG
Цар на Римската империја
Роден 206
Перузија, денешна Италија
Починал 253
Терни, денешна Италија


Требонијан Гал (латински:Gaius Vibius Trebonianus Gallus) бил римски цар. Роден е во 206 година. Со Римската империја управувал до 253 година. Бил наследен од страна на Емилијан. Во негово време се осетила можноста од распаѓање на Римската империја, навлегувајќи во голема криза. Бил избран за цар веднаш по смртта на Дециј Трајан со препорака од неговите најблиски војници да ги потисне готите. Напротив, тој склучил примирје со нив, и веднаш потоа заминал за Рим. Но готите не го спроведувале мирот, кои следните години навлегле длабоко на Балканот.

Во империјата избувнала голема криза. Од исток империјата била потиснета од персијците, од кај Рајна германите, а кај Дунав веќе биле стационирани готите. Избувнала и епидемија на чума, умирајќи илјадници народи низ империјата. Од чумата починал и соимператорот Хостилијан. Кон почетокот на 253 година, војсководецот Емилијан од страна на дунавската армија бил избран за император, насочувајќи се кон Рим. Требонијан Гал за помош го повикал раководителот на Германија, Валеријан. Но тој закаснал во тоа, но подоцна истиот се предал на страната на претендентот. Требониан Гал и Волусијан биле убиени од сопствените си војници.