Лициниј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лициниј
132 Licinius.jpg
Цар на Римската империја
Роден 250
денешна Србија
Починал 325
Солун, денешна Грција


Лициниј (латински:Flavius Galerius Valerius Licinianus Licinius или Licinius) бил римски цар. Познат и како Валерий Лициниан Лициниј с . Со Римската империја управувал од 308 до 313 година. Бил близок приврзеник на Галериј, и од него за август бил прогласен во 308 година. По смртта на Галериј, тој го победил Максимин и заедно со Константин I Велики си ги поделиле сферите на владеење. Но нивното ривалство прераснало во војна во 314 година. Константин I победил во војната, но бил склучен мир помеѓу нив. Линциј се оженил за сестрата на Константин I. Бракот бил склучен во Милано, каде во исто време се издал и Миланскиот едикт, каде за прв пат на христијаните им била признаена верата и вратени своите имоти. Веќе следниот месец, Линциј го победил Максимин Дај, и се прогласил за цар на истокот, а Константин I за цар на западот.

Во 314 година Лициниј се ставил на страната на Басијан, против Константин I Велики. Во оваа граѓанска војна, Константин I го победил Линциј во Панонија на 8 октомври 314 година. Иако претрпел уште еден пораз, повторно дошло до склучување на мир, во кое Лициниј ја добил Тракија, Сирија и Египет. Подоцна, Константин I Велики започнал повторно војна со Лициниј, заробувајќи го во Византион, денешен Истанбул. По ова тој бил преместен во Солун во т.н. куќен притвор. Кога се обидел да дигне повторно револт, Константин I Велики наредил да биде убиен.