Галиен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Галиен
Gallienus bust.jpg
Цар на Римската империја
Роден 218
Починал 268
Милано, денешна Италија


Галиен бил римски цар. Роден е во 218 година. Познат и како Публиј Лициниј Егнациј Галиен . Со Римската империја управувал од почетокот како соимператор со својот татко Валериан I - од 253 до 260 година, а потоа и како единствен император во периодот 260-268 година. Веднаш откако неговиот татко бил прогласен за император,тој станал управник на источниот дел од царството, се со цел да се соочи со персијците. Неговата власт била признаена само од Рим, но не и од империјата. Во Мала Азија водел големи битки со готите, а алеманите ја зазеле Sеверна Италија. Освен надворешните проблеми за империјата, се појавиле и внатрешни- на островот Сицилија избувнало големо востание на робовите, во Средоземно море се појавиле пирати. Опстојувале епидемии, а римските провинции биле засегнати и од неколку земјотреси. Бил наследен од страна на Клавдиј II.