Јустин I
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Јустин I |
|
| Цар на Византија | |
| Роден/а | 450 Бедеријана, Македонија |
|---|---|
| Починал/а | 1 август 527 Константинопол |
Јустин I (лат.Iustinus) бил цар на Византија од 518 година до 527. Роден е во малото село Бедеријана, денес Бадар, Македонија. Уште како млад, при еден барбарски напад бега заедно се двајца свои пријатели во Константинопол. Таму влегува во војската и станува командант на императорската гарда, а потоа и генерал. Функцијата командант на војските во главниот град на империјата му овозможила да се прогласи за император, иако бил неписмен и останал таков до крајот на својот живот. Неговото управување е карактеристично со тоа што ја создава Јустинијановата династија (518 - 602). Како заштитник на православието ги бркал епископите монофизити, чиј број изнесувал 54, како и илјадници монаси. Во надворешната политика водил борби со Острготите и Персијците, но без голем успех. Во 526 година се разболел и тоа го натерало да го прогласи внукот Јустинијан за совладетел, кој по неговата смрт станал и император.