Јован VI Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован VI ЦариградскиВселенски патријарх од 712 до 715 година.

Јован VI бил поставен за патријарх во 712 година од страна на царот Филипик,како замена за сменетиот патријарх Кир. Јован бил избраник на Филипик, бидејќи и двајцата биле монотелитисти. Верските политики на новиот патријарх и цар предизвикале привремен раздор во односите со римската црква. Сепак, во 715 година новиот цар Анастасиј II го заменил Јован VI со православниот патријарх Герман I.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Духовни титули
Претходник
Кир I
Цариградски патријарх
712–715
Наследник
Герман I

Наводи[уреди | уреди извор]

  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.