Апостол Андреја

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Апостол Андреј)
Свети Андреј
Икона на Апостол Андреј
Апостол Првоповикан
Роден(а) 1 век, Бетсаида
Починал(а) сред. на 1 век, Патрас, на т.н. Андреин крст
Почитуван(а) во христијанство
Слава 30 ноември
Заштитништво Шкотска, Русија, Сицилија, Грција, Романија,

Свети Андреј(а) Првоповикан, наречен и како Свети Андрејхристијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Живот[уреди | уреди извор]

Тој е син на Јонин и брат на Свети Петар. Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да станел апостол, Андреј бил ученик на Јован Крстител. Но според Евангелието по Јован, Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, оттука и е наречен Првоповикан.[1] Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него, а присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос: кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух. Во своето верување во Исус Христос, Андреј го повикал и братот свети Петар. Својата вера ја проповедал во Мала Азија, во Грузија и во Скитија поради што се смета за покровител на Романија и Русија. На Пелопонез, во градот Патрас, тој излечил многу болни и така придобил многу луѓе за христијанската вера. Притоа, тој ги придобил и братот и снаата на градоначалникот на Патрас, поради што тој наредил Андреј да биде распнат на крст, но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи, 70-годишниот апостол Андреј се мачел пред да ја испушти душата.

Црквата „Св. Андреј“ во Патра, Грција каде се чуваат реликвии на Апостолот Андреј.

Руската православна црква го почитува апостол Андреј како свој основач. Исто така, се смета дека свети Андреј ја основал црквата и во Византион, денешен Истанбул. Оттука, денес, цариградските патријарси се сметаат за негови директни наследници. За време на владеењето на цар Константин I Велики, неговото тело било пренесено од Патрас во Цариград и било поставено во црквата на Светите Апостоли. Подоцна главата му била пренесена во Рим, каде што со многу почести се чува и денс во базиликата Св. Петар. Неговиот празник е на 13 декември.

Наводи[уреди | уреди извор]