Дванаесет Апостоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанизам
Христоделфијани
Единствен Пентекостализам

Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος, „пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус Христос, првоизбрани од Него за да го шират Евангелието. Тие се:

  1. Апостол Петар (Симон)
  2. Апостол Андреј (брат на Петар)
  3. Апостол Јаков Зеведеев
  4. Апостол Јован (брат на Јаков)
  5. Апостол Филип
  6. Апостол Вартоломеј (Натанаил)
  7. Апостол Тома
  8. Апостол Матеј
  9. Апостол Јаков Алфеев
  10. Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
  11. Апостол Симон
  12. Апостол Јуда Искариот

Во Евангелието пишува дека Исус ги испратил своите апостоли низ градовите во Галилеја во парови (Марко 6:7). Буквалниот превод на нивната мисија би звучел како „лечење на болните“ и „истерување на демони“; сепак, општоприфатено е мислењето дека нивната основна мисија била ширење на Евангелието, да ги залечат душевните рани и болест и да се борат против изопаченото однесување на луѓето. Со себе тие не носеле ниту храна, ниту пари, туку целосно се предавале на Божјата Волја. Им било кажано уште и дека доколку некој град им го ускрати гостопримството, сè што треба да направат е да ја истресат правта од нивните нозе (чин кој сам по себе е заканувачки).

Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој Го предаде Христос за на крај да се самоубие.

Избор на Апостолите[уреди]

Во Евангелието се кажува дека Исус ги избрал своите апостоли веднаш откако бил искушуван од ѓаволот во пустината 40 дена. Апостол Петар и Апостол Андреј (браќа) се првите два апостоли, кои претходно биле рибари. Кога Исус им пришол и ги повикал да појдат по Него, тие веднаш ги фрлиле мрежите и Му се придружиле. Веднаш по нив, и браќата Јаков и Јован (исто така рибари) Му се придружиле на Исус.

Понатаму Му се придружуваат и другите апостоли, за на крај меѓу нив да влезе и даночникот Матеј. Околу неговиот прием Фарисеите имале големи забелешки, затоа што во тоа време на даночниците се гледало како на насилници во еврејското општество. Одговорот кој Господ Исус Христос го дава е многу познат: „на здравите не им треба лекар, туку на болните... Јас не дојдов за да ги повикам праведните, туку грешните“

Тринаесеттиот Апостол[уреди]

Савле, подоцна Апостол Павле е тринаесеттиот апостол на Исус. Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во Дамаск. Исто така, при ословувањето на некои од неговите сопатници (Варнава, Сила итн) тој го користел терминот апостоли исто така.

Понекогаш, и св.Константин се нарекува тринаесетти апостол, поради неговата пресудна улога во признавњето на христијанството како официјална религија во Римското Царство.