Свет Дух

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанизам
Христоделфијани
Единствен Пентекостализам

Светиот Дух (во христијанството) е едно од лицата на Светата Троица. (старогрчки - Άγιο Πνεύμα, латински - Sanctus Spititus, иврит - רוח הקודש). Христијаните веруваат, дека Светиот Дух по време на целата историја е давал на определени лица, групи и цели народи своите дарови, кои се предоставуваат на секој верник.

Приказ на Светиот Дух како гулаб од базиликата Свети Петар

Светиот Дух е трета личност од Божјата природа на Пресвета Троица. Светиот Дух се спомнува често пати во Светото Писмо но при тоа треба да се прави разлика меѓу:

  • Прво, личноста на Светиот Дух, тоа е Бог.
  • Второ, даровите кои произлегуваат од Светиот Дух, или плодови на Светиот дух. Даровите на Светиот Дух се нарекуваат и несоздадени енергии кој произлегуваат од третата Личност.

Дарови се: Нежност, Вистина, Мир, Пророкување, Исцелување, Проповедање, Поуки, Совети, Помагање. Според плодовите и љубовта ќе ги познаеме вистинските ученици Христови.

Кој е Светиот Дух според црквата[уреди]

Отецот, Синот и Светиот Дух - икона од црквата „Св. Димитриј“ во Битола

Бог е Отец, Син и Свет Дух. И сите божествени карактеристики што ги имаат Отецот и Синот ги има и Светиот Дух. Кога човек ќе се нановороди преку верување и примање на Исус Христос (Јован 1:12-13; Јован 3:3-21), Бог престојува во него преку Светиот Дух (1 Коринќаните 3:16). Светиот дух има интелект (1 Коринќаните 2:11), чувства (Римјаните 15:30) и волја (1 Коринќаните 12:11). Главната улога на Светиот Дух е да сведочи за Исус Христос (Јован 15:26, 16:14). Тој им ја кажува на срцата на луѓето вистината за Исус Христос. Светиот Дух исто така и поучува (1 Коринќаните 2:9-14). Тој му ја открива Божјата волја и вистината на христијанинот. Исус им рече на Своите ученици: „А Утешителот, Светиот Дух, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“ (Јован 14:26). „А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат“ (Јован 16:13). Светиот Дух има улога и за нехристијаните исто така. Тој ги уверува срцата на луѓето за Божјата вистина дека се грешни и дека им е потребна Неговата прошка; за праведниот Исус, Кој умре наместо нас за нашите гревови и за Божјата осуда над светот и оние кои не Го познаваат Него ( Јован 16:8-11). Светиот Дух му зборува на нашето срце и нашиот ум да се покаеме и да се свртиме кон Бог и од Него да побараме прошка и нов живот.