Анабаптизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Анабаптизмот претставува третото движење во протестантството. Неговите наследници сметале дека црквата е составена од личности, кои вистински го преживеале Исус Христос. Тие се спротиставувале на идејата за вистинско постоење на црквата како религиозна институција, туку држеле на личната врска со Бог преку Светиот Дух. Поради ова, тие сметале дека човек треба да биде крстен во вода откако ќе се запознае со својата вера и во овој контекс тие биле најрадикални.

Анабаптистите го отфрлаат носењето на свадбени прстени, или пак учеството во државното управување. Како еден од основачите на Анабаптизмот се смета Томас Минцер. Тој бил предводник на т.н. Селанска војна кога околу 100.000 селани заедно со Минцер биле убиени.