Апостол Тома
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Свети Тома | |
|---|---|
| апостол | |
| Роден(а) | 1 век, |
| Умрел(а) | 72 година, near Кенал, Индија |
| Слава | 3 јули (Римокатоличка црква) (Православна црква) 21 декември |
Апостол Свети Тома, уште познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римската империја да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет.
Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротиставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија.
Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули.
Во Православната црква, Источната католичка црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.
Надворешни врски [уреди]
- (англиски) Апостол Тома
|
|||||