Апостол Варнава

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Апостол Варнава
Икона од Свети Варнава
Апостол на Антиохија и Кипар
Роден(а) непознато, Кипар
Умрел(а) 61, Кипар
Почитуван(а) во Римокатоличка црква, Православие, Древноисточни цркви, Англиканство, Лутеранство
Главно светилиште Манастир Свети Варнава во Фамагуста, Кипар[1]
Слава 11 јуни
Заштитништво Кипар Антиохија,

Апостол Варнава бил еден од Седумдесеттемината апостоли, еден од најраните ученици во Ерусалим[2][3].

Варнава бил роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Апостол Савле се учел кај Гамалиил. Неговото родно име било Јосиф, но апостолите започнале да го викаат Варнава, Син на Утехата, наводно поради тоа што можел да ги теши човечките души.

Во времето кога апостол Павле го примил христијанството, еден од првите кој покрстил бил Варнава. По ова, тој заедно со Апостол Павле и Апостол Марко го проповедал евангелието во Антиохија. Според некои извори, тој прв проповедал и во Рим и во Милано. Пострадал на островот Кипар од Евреите и Марко го погребал на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препишал[4].

Неговиот гроб останал непознат неколку векови. Во времето на царот Зинон, кога бил одржан Халкидонскиот Собор, според христијанските верувања, апостолот му се јавил на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објавил својот гроб. По јавувањето и откривањето на моштите на апостол Варнава била основена Кипарската Црква, како апостолска, односно денешната автокефална црква.

Наводи[уреди]

  1. *St Barnabas Monastery
  2. "Barnabas." Cross, F. L., ed. The Oxford dictionary of the Christian church. New York: Oxford University Press. 2005
  3. Harris names him as a "prominent leader" of the early church in Jerusalem. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985.
  4. http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1499