Агатангел Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Агатангел Цариградски
Агатангел Цариградски
ПретходникХрисант Цариградски
НаследникКонстантиј I Цариградски
Други службиМитрополит Белградски
Редови
ЧинВселенски патријарх
Лични податоци
Роден1769 Одрин
Починал1832 Одрин

Агатангел Цариградскивселенски патријарх во периодот од 1826 до 1830 година, а претходно бил и митрополит во Белград во периодот од 1816 до 1825 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Како млад се замонашил во Света Гора во манастирот Ивирон. Во ноември 1815 година бил избран да раководи како Митрополит Белградски.

Во 1817 година, бил постигнат договор помеѓу митрополитот и кнезот Милош за поставување на Јован Томиќ, протопрезвитер во Соборната црква во Белград.

За време на начелствувањето на митрополитот Агатангел во 1822 година поставен е иконостасот во Њубостињскиот манастир, а биле и изградени конаците на Каленичкиот и Туманскиот манастир. Во периодот од 10 години како митрополит во Србија бил приморан да соработува со кнезот Милош кој пак се вмешувал во сите црковни работи, не обрнувајќи внимание на каноните на православната црква.

Митрополитот Агатангел воедно бил учесник и на собирот на 6 ноември 1817 година, на кој се потврдило дека кнезот Милош е кнез на Србија. Во август 1825 година бил избран за митрополит на Халкидон, а на 26 септември 1826 година за вселенски патријарх. Начествувал сè до 5 јули 1830 година кога бил отстранет од престолот.

Бил протеран во Кајсери. Починал во 1832 година во Одрин.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • И. И. Соколов. Константинопольская церковь въ XIX вѣкѣ. Опытъ историческаго изслѣдованія. Т. I, СПб., 1904.
  • Савва, еп. Шумадийский, Б. А. Нелюбов АГАФАНГЕЛ // Православная энциклопедия. Том I. — М.: Церковно-научный центр «Православная энциклопедия», 2000. — С. 234. — 752 с.
Претходник
Хрисант
Цариградски патријарх
1826-1830
Наследник
Константиј I