Евстратиј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Евстратиј ЦариградскиВселенски патријарх меѓу 1081 и 1084 година. Монах,кој бил издигнат до патријахалниот престол со влијанието на мајаката на царот Алексиј I, Ана Даласена, на кого му станал таен советник.[1] Тој бил евнух.

Ана Комнина и други автори го опишуваат како необразован човек со слаб карактер.[2] Поради неговата неписменост и очигледна наивност тој бил замешан во случајот на Јован Италски, кој неговиот претодник, Козма I го осудил. Алексиј морал да го преземе случајот против Италски, бидејќи Евстратиј со свои зборови изјави „подобро би седел во спокој и тишина отколку да се занимава со бучната толпа, и би му се обратил самостојно на Бога.“[3]

За време на војната против норманите, на почетокот на владеењето на Алексиј I во 1081-1082 година, Евстратиј не се противел на одземањето на уметничките дела и светите богатсва од црквите во главниот град, со чие топење се ковале пари со се плаќала армијата на Алексиј I. Овој недостиг на отпор не му бил простен од страна на Лав Халкидонски кој сакал да го тргне од начелствувањето со црквата, во еден период обвинувајќи го, без докази, за пренамена на дел ос богатството за своја лична употреба.[4] Конечно обвинет за кривоверство, Ецстратиј бил ослободен од обвиненијата од стрна на комисија составена од страна на Алексиј I во 1084 година, но одлучил да се повлече.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ecumenical Patriarchate Архивирано на 24 септември 2015 г.
  • Comnena, Anna. The Alexiad. New York: Penguin, 2003.
  • Hussey, J.M.. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. Oxford: University Press, 1986.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Comnena, pp. 108-109.
  2. Buckler, p. 290.
  3. Buckler, p, 290, note 3.
  4. Hussey, p. 148.
Духовни титули
Претходник
Козма I
Цариградски патријарх
1081–1084
Наследник
Никола III