Црква Исус Спасител

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Исус Спасител
Kariye Müzesi
KariyeCamii-Aussenansicht.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°01′52″ СГШ 28°56′21″ ИГД / 
Религија Ислам Христијанство
Осветен 5 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија црква музеј
Завршено 1948
Карактеристики
Минариња 1

Црквата Исус Спасител (турски: Kariye Müzesi, Kariye Camii, или Kariye Kilisesi) е црква која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција. Денеска овој објект е претворен во музеј. Црквата била изградена во текот на 5 век. Се наоѓа во северозападниот дел на Истанбул и претставува еден од најубавите примери на византиската архитектура. [1] По падот на Константинопол во 1453 година, црквата била претворена во џамија. Како таква се задржала се до нејзината реконструкција во 1948 година кога била претворена во музеј.

Назив[уреди]

Најчесто оваа црква се нарекува Хора, кое означувало дека црквата се наоѓа надвор од градските ѕидини. Потеклото на името е поврзано со времето кога била градена во 5 век, кога таа се наоѓала надвор од ѕидините. Во времето кога биле изградени Теодосиевите ѕидини, градбата се нашла во внатрешноста на градот, но таа го задржила своето име.

Освен овој назив, во текот на истоијата се употребувал и осланлискиот назив Карије, односно во времето кога била претворена во џамија.

Историја[уреди]

Црквата била изградена кон почетокот на 5 век, северозападно од тогашниот град, односно во тоа време градот се протегал во Константинополските ѕидини. Во времето кога ѕидините биле проширени, под раководство на императорот Теодосиј II (408—450), градбата се нашла во внатрешноста на градот, но и покрај ова таа го задржила своето старо име, кое во превод означува црква во полето.

Црквата била реновирена во периодот од 1077 до 1081 година и добила форма на христијански крст. Кон почетокот на наредниот век, дошло до рушење на црквата, најверојатно поради претходен земјотрес, па била обновена од страна на Исак Комнин. Денешниот изглед верскиот објект го добил во текот на 14 век, под ракјоводство на Теодор Метохит. во овој период, од 1315 до 1321 година, бил реновиран ентериерот на црквата, и биле поставени мозаици. По ова следувала граѓанска војна во Византија по кое Теодор бил протеран во 1328 година по налог на Андроник III (1328—1341), но по две години му било дозволено да се врати во Константинопол, а тој како монах последните две години од животот ги поминал токму во Хора.

Во времето на опсадата на црквата во 1453 година, неколку икони кои се сметале за чудотворни и заштитнички на градот биле пренесени кон бојното поле, слично како во 1422 година за божествена помош во одбраната на градот од неверниците. Но, по ова градот паднал во рацете на Османлиите, нои црквата ја задржила својата функција.

Во времето на Атик Али паша, Големиот везир на Бајазит II (1481—1512), објектот бил претворен во џамија и наречена Карије. За да не се гледаат прекрасните мозаици и фрески, тие биле покриени со малтер. Во текот на 1948 година врз објектот било извршено испитување по кое биле откриени мозаици и фрески под малтерот. Работата врз објектот траело до 1958 година, кога бил претворен во музеј и кој официјално се нарекува Карија според името на џамијата.

Наводи[уреди]

  1. Ousterhout

Надворешни врски[уреди]