Јустин Философ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Јустин Философ
Свети Јустин Маченик
Маченик
Роден(а) 103[1], Наблуз, Западен Брег
Умрел(а) 165, Рим, Римска Империја
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православие
Англиканство
Лутеранство
Древноисточни цркви
Слава 1 јуни (Римокатоличка црква, Православие, Англиканство)
14 април (Римски календар, 1882–1969)

Јустин Филозофили Јустин Мaченик (105 - 165) бил ранохристијански философ, теолог и маченик.

Јустин бил роден во градот Сихем, подоцна Наблуз, во денешна Палестина. По потекло најверојатно бил Грк[2]. Тој во своите дела самиот дал податоци за својот живот, а особено детално го опишал текот на својата интелектуална одисеја во Дијалогот со Трифон. Го примил христијанството, задржувајќи ја тогата на философ. Поминал низ повеќе тогашни философски школи: стоичка, перипатетичка, платонска. Самиот велел дека на неговата одлука особено влијаело тоа што ја гледал чудната радост на мачениците кога тие умирале за Исус Христос.

Заминал во Рим во филозофска долама, каде набргу стекнал големо почитување и многу приврзаници. Присуствувал на маченичкиот крај на Свети Птоломеј и Лукиј. Гледајќи го мачењето на невините христијани, тој напишал апологија (одбрана) на христијаните и христијанското учење и му ја предал на римскиот император Антонин Пиј и на сенатот. Императорот со внимание ја прочитал апологијата и наредил да престане гонењето на христијаните. Јустин го зел преписот од царевата наредба и со неа отишол во Азија, каде што со помош на таа наредба спасил многу гонети христијани. Потоа се вратил во Рим.

Кога настапило гонењето од Марко Аурелиј, тој напишал втора апологија и му ја упатил на владетелот. По ова, философот Крискент го обвинил како христијанин, од завист што Јустин го победувал во сите расправии, па Јустин допаднал во темница. Посакувајќи му смрт на Јустин, а плашејќи се овој некако да не се оправда на судот, Крискент начекал прилика, па според преданието, тој успеал да го отруе Јустин во темницата[3].

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]