Вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам


Вселенски собор или Екуменски собор, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) — собир на епископите кои ја претставуваат целата Црква и претставува колегијален начин на кој Вселенската Епископија се произнесува по религиозните и дисциплински прашања. Во периодот пред Големиот раскол (1054), на Вселенските Собори било задолжително присуството на епископи од целата империја. И Православната и Католичката црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година, но не се согласуваат само по едно прашање: периодот на одржување на Четвртиот Константиниполски Сабор според католиците бил одржан 869-870 година, додека православните тврдат дека бил одржан 879-880 година. Иако бил повикуван од страна на царевите, тој не бил / не е царска институција: царевите само ги потпишуваат актите усвоени на Вселенскиот Собор, но не би требало да влијаат врз улогата, ниту пак да гласаат - епископите ја имаат целосната автономија во распоравите и одлуките.

Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Сите одлуки се задолжително, но само доколку претходно биле прифатени од сите сестрински цркви.

Често, како замена за Совет или Собор се користи и зборот Синод, иако неговото значење има повеќе локален (месен) отколку светски (екуменски) карактер.

Список на одржани вселенски собори[уреди | уреди извор]

Во Новиот завет, во Дела Апостолски се спомнува Ерусалимскиот Собор, на кој се расправало за тензијата помеѓу континуираното одржување на еврејските правила во ранохристијанскиот период. Иако сите неговите одлуки се целосно прифатени од сите христијански Цркви и се потврдуваат на секој следен Собор, овој Собор не се вбројува во овој список.

Осми и Деветти Собор на некои Православни цркви[уреди | уреди извор]

Овие два собора се признаени од Католичката црква, од кои само првиот како Вселенски. Поголемиот број Православни цркви ги сметаат за доста важни локални Собори, но нивниот екуменски-вселенски карактер се оспорува. Сепак, одлуките донесени на овие два Собора се почитуваат од страна на сите Православни цркви.

  • Осми вселенски собор - Четврти цариградски собор (879-880)

На овој Собор се случило судењето на цариградскиот Патријарх св.Фотиј; уште повеќе, на овој Собор се продлабочиле разликите помеѓу западните и источните Христијани. Исто така, било објавено и учењето за трихотомија.

  • Деветти вселенски собор - Петтиот собор во Цариград (1341-1351)

На овој Собор се потврдиле теолошките учења на св.Георгиј Палама, а се отфрлиле учењата на про-западниот Барлаам од Калабрија.

Собори на Католичката црква[уреди | уреди извор]

Римокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички вселенски собори после Големиот раскол:

9. Првиот собор од Латеран (1123).
10. Вториот собор од Латеран (1139).
11. Третиот собор од Латеран (1179).
12. Четвртиот собор од Латеран (1215).
13. Првиот собор од Лион (1245).
14. Вториот собор од Лион (1274).
15. Собор од Виена (1311-1312).
16. Соборот од Констанца (1414-1418).
17. Соборот од Базел, Ферера и Фиренца (1431-1445).
18. Петтиот собор од Латеран (1512-1514).
19. Соборот од Тренто (1545-1563, со прекини).
20. Првиот собор од Ватикан (1870, официјално 1870-1960).
21. Вториот собор од Ватикан (1962-1965).

Прифаќање на Соборите[уреди | уреди извор]

Православната Црква ги признава само првите Седум вселенски собори. Некои Православни Цркви ги прифаќаат и Осмиот и Деветтиот како вселенски (Патријаршиите на Цариград, Ерусалим и Антиохија).

Римокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички вселенски собори после Големиот раскол.

Англиканците и протестантите ги признаваат првите Седум вселенски собори, но со доза на резерва.

Ориенталното православие ги прифаќа само првите три вселенски собори, Асирската Црква само Првиот и Вториот вселенски собор, додека Мормоните и другите цркви кои не ја прифаќаат Догмата за Пресветото Тројство не признаваат ниту еден Вселеснки собор.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]