Седми вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Седми вселенски собор
Датум787
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие
Претходен собор
(Католичка) Шести вселенски собор
(Православни) Трулски собор
Следен собор
(Католичка) Четврти цариградски собор (Римокатоличка црква)
(Православие) Четврти цариградски собор (Православие)
Свикан одКонстантин VI и Ирина (како регент)
ПретседавачТарасиј Цариградски и папа Адријан I
Присутни350
ТемиИконоборство
Времеследен список на собори

Седмиот вселенски собор (грчки: Η Ζ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Δεύτερη Σύνοδος της Νίκαιας - Седми вселенски собор, Втор никејски собор) бил одржан во Никеја, Мала Азија од 24 септември до 23 октомври 787 година. Соборот бил свикан од страна на младиот император Константин VI и неговата мајка, Ирина. Причини за свикување на овој собор било иконоброството, односно одбивањето и уништувањето на иконите од црквата[1].

Историски околности[уреди | уреди извор]

Икона на Седмиот вселенски собор (17 век, Новодевички манастир, Москва).

Императорот Лав III Исавријанин во 727 година издал едикт со кој го забранил почитувањето на иконите и секое сликовито претставување на божеството. Потоа, поставувил иконоборен патријарх, а од папа Григориј III, кој ги екскомуницирал иконоборците, ја одзел провинцијата Илирик, и ја предал под Цариградска јурисдикција. Неговиот наследник, Константин V Копроним свикал (иконоборен) собор во 754 година во Цариград, кој го осудил а почитувањето на иконите и ги исклучил од црквата оние кои ги почитуваат иконите, вклучително и свети Јован Дамаскин, еден од најголемите бранители на теологијата на иконите.

Царот Лав бил противник на иконите, додека неговата жена, царица Ирина потајно ги почитувала. По неговото упокојување, таа била во можност да го спречи иконоборството кое траело околу педесет години. Тогашниот Патријарх Павле IV Цариградски се повлекол сам, а за нов Патријарх бил избран Тарасиј Цариградски. Царица Ирина, со поддршка на Терасиј и папата Адријан I, го свикал соборот во Никеја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.