Птоломејска династија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Династии на фараони
на Стариот Египет
Прадинастички Египет
Протодинастички период
Ранодинастички период
III
Старо Кралство
IIIIVVVI
Прв преоден период
VIVIIIIXX
XI (само Теба)
Средно Кралство
XI (Цел Египет)
XIIXIIIXIV
Втор преоден период
XVXVIXVII
Ново Кралство
XVIIIXIXXX
Трет преоден период
XXIXXIIXXIIIXXIVXXV
Доцен Период
XXVIXXVIIXXVIII
XXIXXXXXXXI
Македонско-римски период
Александар Македонски
Птолемаиди
Римски
Листа на фараони

Птоломејската династија било македонско кралско семејство која владеела со Египет речиси 300 години, од 323 п.н.е. до 30 п.н.е.

Птоломеј, еден од седумте телохранители и генерали на Александар III Македонски бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар во 323 п.н.е. Птоломеј 305 п.н.е. се прогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египјаните брзо ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните на независен Египет. Династијата на Птоломеј владеела со Египет до Римското освојување во 30 п.н.е.

Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсиноја или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на династија.

Птоломејски владетели[уреди]

Поделба на царството на Александар
  Кралство на Птоломеј
  Кралство на Касандар
  Кралство на Лизимах
  Кралство на Селевк
Други држави

Годините во заградите го означуваат периодот на владеење. Тие често владееле заедно со своите сопруги, кои пак често биле и нивни сестри. Неколку кралици имале кралски авторитет напоредно со кралот или самостојно. Неколку кралици имале силен авторитет, но најпозната и најуспешна била Клеопатра VII (51 п.н.е.-30 п.н.е.), заедно со нејзините двајца браќа и нејзиниот син како последователни номинални ковладетели. Постојат повеќе системи за броење на подоцнежните владетели, овој што е прикажан тука е најчесто применуван од современата наука.

Поедноставено семејно стелно на птоломејската династија[уреди]

Многу од долуприкажаните семејни врски се контроверзни. Повеќе детали може да се најдат на некоја од локациите посочени во надворешните врски.

EgyptianPtolemies2.jpg

Други членови на Птоломејската династија[уреди]

Литература[уреди]

  • J. G. Manning The Last Pharaohs - Egypt Under the Ptolemies, 305-30 BC, 2009 (англиски)

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]