The New Zealand Herald

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The New Zealand Herald
New Zealand Herald logo.svg
Тип Дневен весник
Формат широколисен
Сопственик APN News & Media
Уредник Тим Марфи
Основан 1863
Седиште Окленд, Нов Зеланд
Тираж 187.129
585.000 читатели
(јуни 2008)[1]
Страница The New Zealand Herald

The New Zealand Herald (мак. Новозеландски Хералд) е дневен широколисен весник кој се печати во Окленд, Нов Зеланд. Тиражот му брои 200.000 примероци. И покрај името, весникот циркулира главно во пошироката оклендска обалст. Се доставува и во горната половина на Северниот остров вклкучувајќи го Нортленд, Ваикато и Кинг Кантри.

Herald бил основан во 1863 од Вилијам Чисхолм Вилсон и за прв пат издаден на 13 ноември таа година. Во 1876, New Zealand Herald се споил со весникот The Southern Cross во сопственост на Алфред Хортон. Весникот The Southern Cross почнал да се издава во 1843.

Семесјтвата Вилсон и Хортон фигурирале во сопственоста на весникот сè до 1996 кога Сер Тони Орајли, сопственикот на Independent News & Media Group од Даблин го купил делот на Хортоновите.

Неделното издание во таблоиден формат, the Herald on Sunday (Хералд в недела), за прв пат почнало да се издава на 3 октомври 2004, заедно со саботното издание наречено Weekend Herald (Викенд-Хералд).

Постојани колумнисти[уреди]

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]