Буркина Фасо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Буркина Фасо
Знаме Грб
Гесло"Unité, Progrès, Justice"(француски)
"Единство, Прогрес, Правса"
ХимнаUne Seule Nuit(француски)
Една единстевна ноќ

Главен град Уагадугу
12°20′N 1°40′W / 12.333°N 1.667°W / 12.333; -1.667
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Признаени регионални јазици море, диула (бамбара)
Демоним Буркинец
Уредување полупретседателска република
 -  Претседател Блез Кампаоре
 -  Премиер Тертиус Зонго
Независност од Франција 
 -  Датум 5 август 1960 
Површина
 -  Вкупна 273,800 km2 (74-та)
105,792 sq mi 
 -  Вода (%) 0.1%
Население
 -  проценка за 2009 15.746.232 (61-ва)
 -  Попис 2006 14.017.262 
 -  Густина 57.5/km2 (145-та)
148,9/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $17.802 милијарди[1] 
 -  По жител $1.267[1] 
БДП (номинално) проценка за 2008
 -  Вкупно $8.116 милијарди[1] 
 -  По жител $578[1] 
Џини (2003) 39.5 (среден
ИЧР (2007) 0.372 (низок) (173-та)
Валута Западноафрикански франк[2] (XOF)
Часовен појас (UTC+0)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC)
Се вози на десно
НИД .bf
Повик. бр. 226

Буркина Фасо (француски: Burkina Faso) е држава во Западна Африка без излез на море. Буркина Фасо граничи со Мали на север, Нигер на исток, Бенин на југоисток, Того и Гана на југ и со Брегот на Слонвата Коска на југозапад.

Буркина Фасо има вкупна површина од 274.000 km² со 15.757.000 жители. Поранешното име на државата е Горна Волта, но на 4 август 1984 името на државата било променето во сегашното име од страна на претседателот Томас Санкара. Името доаѓа од називот за „земја на исправени луѓе“ на море и диула јазик.

Главен град на Буркина Фасо е Уагадугу. Буркина Фасо ја стекнала својата независност од Франција во 1960 година и низ процесот на реоформување на државата повеќе системи на владеење биле променети. Денешен претседател на државата е Блез Компаоре. Според индексот на човеков развој, Буркина Фасо се наоѓа на последните шест места.

Содржина

[уреди] Етимологија

Поранешното име на државата било Горна Волта, име според реката Волта. Денешното име на државата потекнува од море и диула јазик и значи „земја на исправени луѓе“. Буквално преведено, „буркина“ значи човек од интегритет на море јазикот, додека „фасо“ значи таткова куќа на диула јазик.

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Буркина Фасо.

Последните археолошки октритија од 1973 година, во северозападните делови на денешната земја Буркина Фасо, покажале дека земјата била населена уште пред 14.000 години. Пред околу 3.600-2.800 години во земјата се појавиле првите земјоделци и населени места. Во текот на 15 век и 16 век, Буркина Фасо била вклучена во составот на Кралство Сонгхај. Во текот на тој период, во регионите започнал да се распространува исламот. Во следните години, поголемиот дел од земјата била дел од кралството на мосите, народ кој денеска го претставува мнозинството во земјата и за кој се претпоставува дека потекнува од Северна Гана.

Во текот на 1896 година, кралството Моси било преземано од страна на Французите. До 1904 година целата денешна земја била под власта на Франција и била вклучена во составот на Француска Западна Африка под името Горна Волта, заедно со Мавританија, Сенегал, Француски Судан (денеска Мали), Француска Гвинеја (денеска Гвинеја), Брегот на Слоновата Коска, Нигер и Дахомеј (денеска Бенин).

Во времето на Првата светска војна, жителите на денешната земја војувале на страната на Французите. Во 1919 година Горна Волта се одделила како самостојна колонија, до 1932 година, кога била соединета со Мали, Брегот на Слоновата Коска и Нигер. Во 1958 година земјата била прогласена за република во рамките на француската управа. Својата независност Горна Волта ја добила на 5 август 1960 година. Од истата година земјата станала член на ООН.

Првиот претседател бил Морис Јамеого, претседател на Демократскиот сојуз. На таа функција Јамеого останал до јануари 1966 година кога главно поради политичката и економската криза му бил зададен воен удар. Милитаристичката власт, на чело со Сангуле Ламизана, го распуштил собранието и политичките партии. Но, покасно сепак повеќепартискиот систем бил воведен и така во 1970 година бил изгласен новиот устав. По ова биле спроведени демократски избори на кои победиле демократите. Претседател на земјата останал Ламизана, а во периодот од 1971-1974 година премиер станал лидерот на демократскиот сојуз. Во 1974 година парламентот повтрно бил распуштен, за да во 1978 година биде изгласен повторно нов устав. По само две години се случил нов воед удар од страна на Сеј Зербо. Во следните години земјата била зафатена од постојани конфликти и воени преврати.

Во 1984 година земјата била преименувана во Буркина Фасо.

[уреди] Географија и клима

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Буркина Фасо.
Сателитска карта на Буркина Фасо.

Релјефот на Буркина Фасо е составен од два релјефни видови. Голем дел од земјата е рамнина или висорамнина со помали ридови. Јужниот дел од земјата е со карпест релјеф каде се наоѓа највисокиот врв Тенакуру со висина од 749 метри надморска височина. Генерално гледано, Буркина Фасо е рамна земја.

Низ Буркина Фасо течат три главни реки: Црна Волта, Бела Волта и Црвена Волта. Црната Волта е една од двете реки во земјата кои имаат постојан водостој низ целата година.

Климата на Буркина Фасо е претежно тропска со две посебни сезони. За време на дождовната сезона, во земјата паѓаат од 600 до 900 милиметри врнежи, додека во сушната сезона дува топол ветер од Сахара. Дождовниот период е од мај или јуни до септември. Букрина Фасо е поделена на три климатски зони: Сахел, Судан-Сахел и Судан-Гвинеја.

[уреди] Политички систем

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Буркина Фасо.

Со уставот од 2 јуни 1991 година, Буркина Фасо станала полупретседателска република со парламент кој може да биде распуштен од претседателот на републиката. Претседателот на Буркина Фасо е избран за период од седум години. Во 2000 година со нови амандмански акти, претедателскиот мандат се намалил на пет години. Парламентот на Буркина Фасо е еднодомен со капацитет од 111 пратенички места избрани за петгодишен мандат.

[уреди] Административна поделба

Региони на Буркина Фасо.

Буркина Фасо е поделена на тринаесет региони, четириесет и пет покраини и 301 департмани. Регионите на Буркина Фасо се:

[уреди] Економија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Буркина Фасо.
Уагадугу.

Буркина Фасо има едне од најниските БНП по глава на жител со $1,200.[3] Земјоделството претставува 32% од вкупното производство на земјата и 80% од работниците во земјата се вработени во истото. Најчесто е присутно сточарството, но на југ се одгледува и пченка, кикирики, ориз, памук и слично.

Поради големата невработеност во земјата емиграцијата во земјата е на големо ниво. Така на пример, три милиони жители на Буркина Фасо живеат во Брегот на Слоновата Коска.

[уреди] Население, јазик и религија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Буркина Фасо.
Големата џамија во Бобо-Диуласо.

Буркина Фасо има околу 15.3 милиони жители кои припаѓаат на две големи западноафрикански културни групи: волтешка и мандеска чиј заеднички јазик е диула јазик. Волтешките Моси сочинуваат една половина од населението. Тие тврдат дека потекнуваат од Гана и основале империја на територијата на Горна Волта која траела над 800 години. Денес, кралството Моси се уште е предводено од Мого Наба во Уагадугу.[4]

Иако за религиозната припадност на населението нема точни бројки, според владата на Буркина Фасо 60 проценти од населението се муслимани.[5] Исто така, владат тврди дека 24 % од населението се припадници на локални религии, 17 % се католици и 3 се протестанти.

[уреди] Култура

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Буркина Фасо.

Литературата во Буркина Фасо е скоро целосно орална, која сепак е многу важна. Во 1934 година за време на француската окупација, Дим-Уедраого објавил книга за мисли и преданија за Мосите. Оваа книга и оралната традиција на Мосите влијаела кај скоро сите буркински писатели како Нази Бони или Роџер Никиема. По независноста голем број на литературни дела биле објавени и се појавиле поголем број на писатели. Кујната во Буркина Фасо е типична за Западна Африка. Општествениот и културниот живот на Буркина Фасо е претежно со елемнти на локални стилови но и со примеси на колонијални француски.

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Burkina Faso“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=748&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=88&pr.y=0. проверено на 2009-10-01. 
  2. CFA Franc BCEAO. Codes: XOF / 952 ISO 4217 currency names and code elements. ISO. Retrieved 2009-05-08.
  3. „CIA World Factbook, GDP Per Capita Rank Order“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2004rank.html. 
  4. "Burkina Faso". U.S. Department of State (June 2008). Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавниот домен.
  5. International Religious Freedom Report 2007: Burkina Faso. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (14 септември, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

Најдете повеќе за Буркина Фасо на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-en.svg Вики универзитет
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици