Сенегал (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Реката Сенегал во Западна Африка тече низ државите Гвинеја, Мали, Сенегал и Мавританија. Долга е околу 1 700км, со површина на сливот од околу 440 000 кm².

Таа е претежно рамничарска река. На утоката од Атланскиот Океан прави голема делта. Поради летниот сушен и зимскиот влажен период има големо колебање на водостојот: од 5m³/сек во мај и од 2 000 до 5 000m³/сек во август и септември. Во влажниот период реката Сенегал е пловна во должина од околу 700км.