Знаме на Зимбабве
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 18 април 1980 |
| Опис | седум хоризонтални ленти со бел триаголник на прицврстениот дел со ѕвезди и птица. |
Знамето на Зимбабве е официјално знаме на оваа африканска држава, усвоено на 18 април 1980 година. Знамето е составено од седум хоризонтални ленти во зелена, жолта, црвена и црна боја. На прицврстениот дел има бел триаголник со црна граница, а во него има голема црвена петокрака и птица зимбабве во златна боја над неа. Птицата зимбабве е статуетка на птица која може да се најде на рушевините на Големо Зимбабве и таа ја симболизира историјата на нацијата, додека петокраката ја симболизира револуционерната борба за ослободување и мир.
Елементи [уреди]
Официјално, боите симболизираат:
- зелена - земјоделието и руралните предели на Зимбабве,
- жолта - минералните богатства,
- црвена - крвта пролеана за време на војните,
- црна - наследството и етничката припадност на Африканците,
- бел триаголник - мир,
- птица зимбабве - национален симбол,
- црвена ѕвезда - надеж за подобра иднина.