Знаме на Замбија
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 24 октомври 1964 |
| Опис | зелена позадина со три мали ленти и орел. |
| Творец | Габриел Елисон |
Знамето на Замбија е официјалното знаме на оваа африканска држава, усвоено на 24 октомври 1964. Знамето е составено од зелена позадина, каде во слободниот дел во долниот агол има три вертикални ленти во црвена, црна и портокалова боја. Над лентите има златен орел во лет. Зелената боја била променета во 1996 година, па така денес е посветла и ги симболизира природните богатства на земјата. Црвената боја ја симболизира борбата за слобода на замбискиот народ, црната го симболизира народот а портокаловата минералите. Орелот ја симболизира можноста на народот да застане над проблемите на нацијата.[1] Знамето било направено од Габриел Елисон, кој е дизајнер и за националниот грб.
Останати знамиња [уреди]
| Претседателско знаме. | Знаме на полицијата на Замбија. | Знаме на замбиското воздухопловство. | Старото знаме на Замбија. |