Знаме на Екваторска Гвинеја
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Знамето на Екваторска Гвинеја е националното знаме на државата кое било усвоено на 21 август 1979. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја споени со син триаголник. Симболизамот на боите е:
- зелена - природните ресурси и џунглите на земјата.
- сина - морето кое го поврзува копното со островот од државата
- бела - мир
- црвена - борбата за независност
На белата лента се наоѓа грбот на Екваторска Гвинеја.