Знаме на Малави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Малави во употреба од 1964 до 2010 и од 2012 до денес,
знамето од 2010 до 2012,
Поранешното колонијално знаме на Малави

Знамето на Малави било усвоено на 6 јули 1964 година и повторно вратено на 28 мај 2012 година. Црвеното сонце што изгрева ја претставува зората на надеж и слобода на африканскиот континент (кога знамето било создадено, повеќе земји во Африка сакале да добијат независност од Европа). Црната боја го претставува староседелското населениe на континентот , црвената боја ја симболизира крвта што се пролеала во нивните битки, а зелената боја ја означува природата. Знамето личи на пан-африканското знаме дизајнирано од страна на Маркус Гарвеј во Асоцијацијата за подобар живот на црнците, каде што биле црвената и црната со заменети места и црвено сонце што изгрева. Знамето, исто така личи на знамето на сега веќе непостоечката Република Бијафра.

Знамето на Малави од 1964 до 2010[уреди | уреди извор]

било усвоено на 29 јули 2010 година, откако Демократската прогресивна партија на власт го предложила новото знаме. Променети се вертикалните ленти (сега црвена, сина и зелена боја) коишто порано биле по редослед црна, црвена и зелена. На поранешното знаме на Малави можело да се забележи изгревање на црвено сонце, кое сега е заменето со цело бело сонце што го означува економскиот прогрес на државата откако стана независна. Знамето било одобрено на 29 јули 2010, од страна на претседателот на Малави, Бингу ва Мутарика. На 28 мај 2012 година новото знаме било тргнато од употреба.

Поврзано[уреди | уреди извор]