Знаме на Чад
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 11 јуни 1959 |
| Опис | Вертикални три ленти во сина, жолта и црвена боја. |
Знамето на Чад (француски: Drapeau du Tchad, арапски: علم تشاد) е официјалното и национално знаме на оваа африканска држава. Знамето е составено до три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја. Знамето на Чад е исто со знамето на Романија, а слично е со знамето на Андора и знамето на Молдавија.[1]
Сината боја ги симболизира надешта, небото и водата. Жолтата боја го симболизира сонцето и пустината во северниот дел од земјата. Црвената боја симболизира прогрес, обединетост и жртвување, но и се поврзува со крвта пролеана за независноста на државата. [1]
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Знаме на Чад“. http://flagspot.net/flags/td.html. проверено на 2010-10-23.