Знаме на Боцвана
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 30 септември 1966 |
| Опис | Хоризонтални три ленти во светла сина, бела и црна боја. |
Знамето на Боцвана е националното знаме на државата кое било усвоено на 30 септември 1966. Знамето има размер од 2:3.[1]
Содржина |
Дизајн [уреди]
Основата на знамето е со сина боја. Низ средишниот дел на знамето има поставена хоризонтална црна лента, а над неа и под неа има по една мала бела лента. Размерот на лентите е 9:1:4:1:9.[1]
Симболизам [уреди]
Сината боја ја симболизира водата, поточно дождот. Дождот е од големо значење за нацијата и на цвана се именува како „Pula“. Зборот „Pula“ е националното гесло на државата и значи „дожд“, но и „надеж“. Геслото е поставено и на националниот грб. Белите и црната лента ја симболизираат етничката хармонија во државата. Покрај тоа, црната и белата боја ја симболизира зебрата, која е прикажана на националниот грб.[1]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Знамиња во светот: Боцвана“ (на англиски). http://flagspot.net/flags/bw.html. проверено на 2012-05-09.
