Знаме на Танзанија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Знамето на Танзанија

Знаме на Танзанија е националното знаме на државата кое било усвоено во 1964. Ова знаме потекнува од знамињата на Тангањика и Занзибар. Тоа е составено од пет дијагонални ленти кои се движат од горниот десен агол кон долниот лев агол и се со боите: зелена, жолта, црна, жолта и сина.

  • зелената боја ја претставува вегетација на земјата
  • златната боја ги претставува минералните богатства
  • црната боја го претставува народот Свахили
  • сината боја ги претставува водените површини и Индискиот Океан

Видете исто така[уреди]