Знаме на Сомалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме на Сомалија.

Знамето на Сомалија (сомалиски: Calanka Soomaaliya) е националното знаме на државата. Знамето било усвоено на 12 октомври 1954 и дизајнирано од Мохамед Авале Либан,[1] Знамето било наменето за пан-сомалиските движења. По обединувањето на Британски Сомалиленд и Италијански Сомалиленд, ова знаме се користи од Сомалиската Демократска Република.

Знамето е сино со бела петокрака во средината. Ѕвездата со петте краци ги претставува петте региони каде живеат Сомалијци: Огаден, Североисточна покраина во Кенија, Џибути (порано Француски Сомалиленд) и поранешните Британски и Италијански Сомалиленд. Сината боја го означува Индискиот Океан.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]