Знаме на Гвинеја
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 10 ноември 1958 |
| Опис | три вертикални ленти во зелена, златна и црвена боја. |
Знамето на Гвинеја е официјалното знаме на оваа африканска држава, усвоено на 10 ноември 1958 година. Знамето е составено од три вертикални ленти во црвена, жолта и зелена боја. Боите се базирани на боите на знамето на Гана, а формата на знамето е базирана на знамето на Франција. Црвената боја ја симболизира жртвениста на луѓето, жолтата сонцето и природните богатства и зелената ја претставува зелената вегетација на земјата. Боите се пан-африкански.