Знаме на Мароко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Знамето на Мароко

Знамето на Мароко се состои од зелена ѕвезда со црни краеви на црвена основа. Црвената подлога е одбрана како симбол на племето Макзен, а во 1915 година, шестокраката ѕвезда била заменета со ѕвезда петокрака.

Ѕвездата шестокрака е позната и како Давидова ѕвезда, но во сите монотеистички религии оваа ѕвезда се смета за симбол на животот, мудроста и доброто здравје. Оваа ѕвезда се наоѓала и на пари, кованици од 100 и 200 франци до 1954.

Иако причините за замената на шестокраката ѕвезда со петокрака, не се потполно познати, се смета дека петокраката подобро го симболизира исламот затоа што нејзините пет краци ги претставуваат петте столбови на исламот.

Ова ново знаме почнало во потполност да се користи по стекнувањето на независност на Мароко во 1956 година.