Знаме на Намибија
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 21 март 1990 |
| Опис | Пет дијагонални ленти кои се протегаат од горниот десен агол до долниот лев агол во сина, бела, црвена, бела и зелена боја. На сината основа има златно сонце со 12 краци. |
Знамето на Намибија е националното знаме на државата кое било усвоено на 21 март 1990 по независноста од Јужноафриканската Република.
Боите на знамето потекнуваат од Народната организација на Југозападна Африка, најважното ослободително движење во Намибија. Знамето е составено до пет дијагонални ленти кои се протегаат од горниот десен агол па одат кон долниот лев агол. Боите на лентите се во сина, бела, црвена, бела и зелена, каде белите се најмали. На сината лента има златно сонце со 12 краци. Сонцето претставува живот и енергија.
Значењето на боите се:
- црвена- народот на Намибија, нивното херојство и наклонетоста кон создавање подобра иднина
- бела- мир и единство
- зелена- вегетацијата и земјоделските ресурси
- сина- небото и Атлантскиот Океан, водата и дождот. [1]
Содржина |
Историски знамиња [уреди]
-
Знаме на Германска Југозападна Африка од 24 април 1884 до 9 јули 1915.
-
Знаме на Југозападна Африка од 9 јули 1915 до 28 јуни 1919.
Наводи [уреди]
- ↑ (reported by) FG Brownell (December 1990), „Coats of Arms and Flags in Namibia“ (A series of 8 articles.)

