Знаме на Република Конго
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно, пловно и управно пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Опис | Три дијагонални ленти во зелена, жолта и црвена боја |
Знамето на Република Конго е официјалното знаме на оваа африканска држава. Знамето е усвоено на 18 август 1958 година, но за време на социјализмот во земјата ова знаме не се користело, но било повторно воведено на 10 јуни 1991 година. Знамето е составено од три дијагонални ленти во зелена, жолта и црвена бои и овие се пан-африкански бои.