Знаме на Маврициус
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Употреба | Државно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Варијанта на знамето на Маврициус | |
| Употреба | Пловно знаме |
| Сразмер | 1:2 |
| Варијанта на знамето на Маврициус | |
| Употреба | управно пловно знаме |
| Сразмер | 1:2 |
| Варијанта на знамето на Маврициус | |
| Употреба | Морнаричко знаме |
| Сразмер | 26:57 |
Знамето на Маврициус е донесено по независноста, 12 март 1968 година. Знамето се состои од четири хоризонтални ленти со еднаква широчина, во црвена, сина, жолта, и зелена боја. Знамето било направено на 9 јануари 1968 година.
Цивилното знаме (за приватни возила) и владиното знаме (за државни возила) се црвено и сино знаме, односно, каде секое го има грбот на Маврициус.
Поморското знаме (кое се користи од страна на крајбрежната патрола) е со необичен дизајн кој се состои од црвени, бели и сини вертикални ленти од нееднаква широчина, и во центарот има сидро.
[уреди] Значење на боите
Знамето на Маврициус ги содржи црвената, сината, жолтата и зелената боја што претставуваат:
- црвената боја: го претставува дрвото „Субербе Фламбојат“ дрвото во Маурициус.
- сината боја: го претставува Индискиот Океан, во кој Маурициус е сместен.
- жолтата боја: ја претставува новата светлина на независноста кое сјае над островот како златно зајдисонце.
- зелената: ја претставува бујната вегетација на островот.