Сомалиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сомалиски
Af-Soomaali
اللغة الصومالية
Застапен во Сомалија, Етиопија, Џибути
Говорници 15 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
афроазиско
Писмо латиница (службено), арабица, османија, борама
Статус
Службен во  Сомалија
Јазични кодови
ISO 639-1 so
ISO 639-2 som
ISO 639-3 som
Somali map.jpg
Говорното подрачје на сомалискиот јазик

Сомалискиот јазик (изворно: Af-Soomaali; арапски: اللغة الصومالية) е јазик од низинска источнокушитска гранка на афроазиското семејство. Најсродни јазици се афарскиот и оромскиот. Сомалискиот е најдобро документиран кушитски јазик,[2] со академски трудови пред 1900 г.

Горворници, застапеност и статус[уреди]

Сомалискиот е државен и службен јазик на Сомалија почнувајќи од 1972 г., со неговата стандардизација и усвојувањето на латиницата. Јазикот го говорат Сомалијци во Сомалија, Етиопија, Џибути, Јемен и Кенија, како и од сомалиската дијаспора низ светот. Точниот број на говорници е непознат. Според еден извор, јазикот го говорат 7,78 милиони жители во самата Сомалија и уште 12,65 милиони ширум светот.[3] Според други извори,[4], сомалискиот го владеат 13 милиони луѓе, но често се среќава бројката од 25 милиони лица.[5]

Наречја[уреди]

Јазикот има три наречја: северно, бенадирско и мајско. Стандардниот јазик се води според северносомалискиот говор. Бенадирското (крајбрежно) наречје е застапено во приморските подрачја на Бенадир, од Кадалеј на југ до Марка, вклучувајќи го Могадишу и непосредната околина. Овие крајбрежни говори имаат фонеми што не постојат во стандардниот јазик.

Фонолошки особености[уреди]

Сомалискиот јазик има 22 согласки, со барем по една во секое место на творба[6] освен надгласилното. Постојат пет основни самогласки, секоја со предна и задна, како и кратка и долга варијанта. Со тоа јазикот има вкупно 20 чисти самогласни гласови. Покрај тоа, постојат три тона: висок, низок и надолен.

Согласки[уреди]

Согласни фонеми
  Дво-
уснени
Уснено-
забни
Забни Венечни Преднеп.-
венечни
Свиени Предно-
непчени
Задно-
непчени
Ресично-
надглас.
Голтнички Гласилни
Носни m         n                            
Избувни   b               ɖ     k ɡ q͡ʡ       ʔ  
Слеани                                          
Струјни     f       s   ʃ           x~χ       ħ ʕ h  
Трепетни             r                            
Приближни             l         j w            

/ɖ/ е звучна свиена избувна согласка. Понекогаш се изговара како едноударната согласка [ɾ] помеѓу самогласки.

Безвучните избувни согласки /t/ и /k/ секогаш се приздивни.

Ресичната струјна согласка /χ/ честопати се изговара како [x], т.е. безвучна заднонепчена струјна согласка. Сите зборови со оваа фонема се усвоени од арапскиот. Може да претрпат „сомализација“ со нивна замена со избувната согласка /ɢ/.

/ʕ/ (звучна готлничка струјна согласка) може да има крут глас.

/r/ честопати се изговара со глас и може да биде делумно обезвучена. Помеѓу самогласки може да има еден удар.

Самогласки[уреди]

Сомалискиот има пет самогласни творби. Сите пет разликуваат дишна и груба варијанта и имаат долги и кратки облици. Со издолжувањето не се менуваат останатите карактеристики на самогласката.

Постојат пет дифтонзи, и сите се јавуваат во преден и заден и долг и краток облик, освен /ɞi/ кој не се јавува како заден.

Монофтонзи
  Предни Задни
кратки долги кратки долги
Затворена предна незаоблена /
Речиси затворена речиси предна незаоблена
i ɪ ɪː
Полузатворена предна незаоблена /
Полуотворена предна незаоблена
e ɛ ɛː
Речиси отворена предна незаоблена /
Отворена задна незаоблена
æ æː ɑ ɑː
Полуотворена заоблена од сред. ред /
Полуотворена задна заоблена
ɞ ɞː ɔ ɔː
Затворена заоблена од сред. ред /
Затворена задна заоблена
ʉ ʉː u
Дифтонзи
Првиот елемент е напред Првиот елемент е назад
кратки долги кратки долги
æi æːi ɑɪ ɑːɪ
æʉ æːʉ ɑu ɑːu
ei eːi ɛɪ ɛːɪ
ɞi ɞːi ɔɪ ɔːɪ
ɞʉ ɞːʉ ɔu ɔːu

Граматика[уреди]

Јазикот е аглутинативен, со различни додавки за падеж, род и број. Забележителна разлика помеѓу сомалискиот и највеќето индоевропски јазици е постоењето на повеќе облици кај личните заменки, употреба на честички во реченицата за укажување на задршката (фокусот), широка употреба на тонови за означување на падеж и број, како и поларитет на родот (еден ист збор има различен род во еднина и множина).

Лексика[уреди]

Најважните лексички заемки во јазикот се преземени од арапскиот јазик. Ова се должи на вековните врски на Сомалијците со соседните арапски народи на општествен, културен, трговски и верски план. Денес се забележани 1.436 арапски заемки,[7], а се смета дека порано арабизмите биле уште позастапени.[8]

Постојат и извесни заемки од италијанскиот и англискиот стекнати во колонијалниот период. Со осамостојувањето на земјата, создадени се и многу неологизми, за претставување на поими од областа на управувањето и образованието.

Писмо[уреди]

Сомалиско-арапска плоча (XIV век).

Во подалечното минато, сомалискиот се пишувал со древно писмо.[9] Оттогаш наваму, јазикот се пишува со повеќе разни писма. Од нив најзастапена е сомалиската латиница, прогласена за службена во 1972 г.[10] Азбуката ги содржи сите букви од англиската освен p, v и z. Има 21 согласка и 5 самогласки. Не се користат надредни други посебни знаци, со исклучок на апострофот, кој ја претставува гласилната согласка (не стои на почеток на зборот). Постојат три согласни диграфи: DH, KH и SH. Писмото исто така не го бележи тонот и положбата на самогласките (задна или предна).

Низ историјата јазикот се пишувал на разни писма како арабицата и т.н. Вададово писмо.[11] Во XX век се осмислени и неколку матични сомалиски писма: „османија“, „борама“ и „кадаре“, наречени по нивните автори.[12]

Наводи[уреди]

  1. „Сто најголеми јазици на светот во 2007 г.“ (Världens 100 största språk 2007) — Национална енциклопедија на Шведска
  2. A software tool for research in linguistics and lexicography: Application to Somali
  3. Сомалија - Ethnologue (англиски)
  4. Gordon (2005)
  5. [1]
  6. согласно табелата на МФА
  7. Soravia (1994) од речникот на Агостини (1985)
  8. Versteegh, Kees (2008). „Encyclopedia of Arabic language and linguistics, Vol. 4“. Brill. стр. 273. ISBN 9004144765. http://books.google.com/books?id=OWQOAQAAMAAJ. 
  9. Ministry of Information and National Guidance, Somalia, The writing of the Somali language, (Ministry of Information and National Guidance: 1974), стр. 5
  10. Economist Intelligence Unit (Great Britain), Middle East annual review, (1975), стр. 229
  11. http://www.nlscorps.org/Languages/SM.aspx
  12. David D. Laitin, Politics, Language, and Thought: The Somali Experience, (University Of Chicago Press: 1977), стр. 86-87
  1. Diriye Abdullahi, Mohamed. 2000. Le Somali, dialectes et histoire. Ph.D. dissertation, Université de Montréal.
  2. Saeed, John Ibrahim. 1987. Somali Reference Grammar. Springfield, VA: Dunwoody Press.
  3. Saeed, John Ibrahim. 1999. Somali. Amsterdam: John Benjamins.

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на сомалиски јазик