Шипинка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Шипинка | |
|---|---|
| Цветови од шипинка | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Оддел: | Magnoliophyta |
| Класа: | Magnoliopsida |
| Ред: | Rosales |
| Фамилија: | Rosaceae |
| Род: | Rosa |
| Вид: | R. canina |
| Биномен назив | |
| Rosa canina Л. |
|
Шипинката (или шипка) е вид на роза која е широко распространета низ целиот свет. Уште се нарекува „кучешка роза“ што е директен превод од научното латинско име (Rosa Canina).
Шипинката е повеќегодишна листопадна грмушка, која може да достигне висина од 1 до 5 метри. Расте во секакви предели со умерена контитнентална клима, но забележливо е тоа што грмушките кои растат на поголема надморска висина даваат поголеми плодови. Младите гранки се покриени со боцки, како и кај другите рози. Цветот е бел или розев, кој дава мали црвени овални плодови по кои шипинката е најмногу позната.
[уреди] Употреба
Плодот од шипинка се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со Витамин Ц и сите продукти од шипинка се меѓу најдобрите извори за овој витамин.
Плодот може да се конзумира и сиров откако ќе се отстранат боцките и семките од внатрешноста. Боцките може да предизвикаат чешање, или иритација на дигестивниот систем доколку се козумираат во поголеми количини.
Семето од шипинката може да се користи за правње масло кое се употребува за козметиката и дерматологијата.
[уреди] Берба
Плодовите остануваат на дрвото за време на зимата, откако ќе отпаднат лисјата. Може да се бере од есен, па се до крајот на зимата додека плодот не се исуши. На есен плодовите се уште тврди и содржат повеќе витамин Ц. Понатаму во текот на зимата, после првиот мраз, плодот омекнува.
[уреди] Шипинката во Македонија
Шипинката може да се најде на сите планини во Македонија. Обично расте на места изложени на сонце, најчесто на јужните падини, надвор од шума, на шумска чистина или покрај пат.